
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Чучер Сандево и Сарај.
Во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од улицата Драчевска во населбата Драчево (Општина Кисела Вода), од 8.30 до 14.30 часот корисниците од улицата Пушкинова бр. 1, 3, 6 и 21 (Општина Кисела Вода) и во периодот од 9.30 до 14 часот корисниците од селата Глуво, Бразда, Горно и Долно Оризари, како и дел од корисниците од село Мирковци (Општина Чучер Сандево), а во периодот од 11 до 13.30 часот дел од корисниците од село Радуша (општина Сарај).