
Бројот на новите зарази со коронавирусот на дневно ниво во Австрија во четвртокот првпат надмина четири илјади, ојвави министерството за здравство.
Бројот на новозаразените во Австрија во изминатото деноноќие изнесува 4.453 лица, а бројките системски се во пораст. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани речиси 94.000 случаи на зарази, а со новите дваесетина починати во последните 24 часа има досега 1.060 смртни исходи како последица на Covid-19.
Во моментов во Австрија има над 29.500 активни случаи на короанвирусот, од кои 248 пациенти се згрижени на одделите за интензивна нега.
Во Австрија на сила се релативно благи мерки чија цел е да се забави ширењето на вирусот, при што продавниците, кафулињата, рестораните и театрите и натаму се отворени.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц се закани уште во понеделникот со второ „затворање“ како последно средство кон коешто ќе посегне неговата влада доколку не се заузди моменталниот рат на бројот на заразите со коронавирусот.
Ситуацијата во болниците ќе биде решавачка за разгледување на новото затворање, порача Курц. Тој подоцна во четвртокот треба да се сретне со експерите во врска со пополнетоста на болничките капацитети.