
Времето во четврток во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура се движи од 2 до 11, а дневната од 17 до 24 Целзиусово степени.
Во Скопје и околината во утринските часови има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер
Утринската температура се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 Целзиусови степени.
Во петок и сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури