
Полицијата на француската престолнина Париз привела маж кој имал намера да организира напад во близина на црква, откако претходно во четвртокот таков смртоносен напад беше изведен во центарот на Ница а беа спречени такви инциденти и во Лион и веројатно крај Авињон.
„Во Сартувил (во депарманот Ивелин) штотуку беше уапсени еден маж во близина на црква во која тој сакаше да изведе напад, како во Ница“, напиша челникот на регионот Ил-де-Франс, Валери Пекрес на својот профил на Twitter.
Истовремено францускиот претседател Емануел Макрон ја објави одлуката за зголемување на бројот на припадниците на војската во антиреростичката операција „Sentinelle“, првенствено поради утринскиот смртоносен напад во Ница. Премиерот Жан Кастекс, пак, порача дека ширум цела Франција планот на борбата против тероризмот „Vigipirate“ е воведен во највисокот можно ниво.
„Од утрово решивме да го подигнеме нивото на приправност низ целата Франција во врска со терористичката закана. Одлучив дека следните часови ќе бидат мобилизирани дополнителни војнции“, потврди Макрон кој пристигна во Ница на местото на нападот.
Истакна дека како дел од антитерористичката операција „Sentinelle“ бројот на француските војнции кои ќе бидат испратени на улиците ќе се движи меѓу три или седум илјади.
Рано утрото во четвртокот млад маж за кој истрагата тврди дека станува збор за 21-годишен мигрант од Тунис, вооружен со нож уби три лица во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница. Напаѓачот беше застрелан и пренесен во болница.
Само два часа по нападот по Ница, друг напаѓач им се заканувал со нож на минувачи во место близу Авињон, и бил смртно застрелан додека се обидувал да ја нападне полициската патрола која била повикана да интервенира. Според некои медиуми, овој напад може да не е поврзан со екстремниот исламизам, и оти можеби станува збор за лице кое патело од психичко растројство.
Потоа локалните медиуми објавија дека во Лион на станица е уапсен 26-годишен маж кој од претходно има бил познат на безбедносните органи и разузнавачките служби во врска со екстремната исламистичка сцена во Франција. Тој бил облечен во џелаба (исмалсма машка облека) и воена јакна и мафтал со нож со сечиво долго треисетина сантиметри. По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето дидека се обидувало да влезе во полн трамвај. Според информациите, станува збор за авганистански државјанин роден 1994 година, познат на разузнавачките служби по радикален исламизам и со чие апсење очигледно избегнало нова трагедија.
Во четвртокот, исто така, во западниот саудиски град Џеда, локален жител избоден припадник на обезбедувањето на францскиот конзулат. Ранетиот е пренесен во болница, а напаѓачот е приведен.