Виролог предупредува дека грипот може да се „поклопи“ со коронавирусот

Се чини дека во атмосферата на пандемијата на коронавирусот многумина заборавија на грипот, кој е подеднакво опасна вирусна респираторна болест која може да се „надогради“ на Covid-19, и затоа грипот во никој случај не смее да се испушти од вид, смета рускиот академик, виролог и директор на Државниот институт за вакцини и серуми, Виталиј Зверев.

Стравот и ризикот, смета Зверев, можеби се и поважни од самиот коронавирус, бидејќи на некои им се чини дека грипот не е толку сериозна болест, што во основа е погрешен став.

„Тој не исчезна никаде и сигурно ќе има зголемување на инциденцата. Единствено, што постои сигурна вакцина против грипот. Точно, треба да се вакцинирате секоја година, и затоа што вирусот на грипот постојано се менува и затоа што вакцината не дава долгорочен имунитет“, појаснува рускиот виролог за радиото Sputnik.

Грипот воопшто не смее да се отпишува, тоа е многу сериозна болест, со доста висока стапка на смртноста. Го карактеризираат сериозни компликации, исто така и тешко воспаление на белите дробови како и кај коронавирусот, истакнува академикот Зверев.

„Во Америка (која глобално е најпогодена во пандемијата на короанвирусот со речиси 9 милиони заразени и над 233.000 починати) во време на сезонскиот грип во периодот на зголемена заразност, умираат до 30/40 илјади луѓе. Главно тоа се луѓе со некое хронично заболување, како и кај Covid-19. Умираат, дијабетичари, луѓе со кардиоваскуларни болести, заболувања на бубрезите“, додава Зверев.

Меѓутоа, за разлика од коронавирусот, грипот не е асимптоматски, додава вирологот.

„Грипот секогаш е проследен со симптоми, јас не сум слушнал за асимптоматски грип. Кога ковидот минува лесно, луѓето не го чувствуваат тоа и ги заразуваат другите во текот на неколку седмици. А грипот е заразен еден или два дена, потоа започнува сериозна болест, а лицето се наоѓа во неволна изолација. Значи, еден човек може да зарази со коронавирус многу повеќе луѓе, отколку пациент со грип“, додава Зверев.

Но вирологот е убеден дека меѓу смртните случаи кои се припишуваат на Covid-19 имало случаи на летален исход како последица на компликации предизвикани од грипот.

„Никој не знае, бидејќи не поставуваат лабораториска дијагноза. Не може да нема регистриран случај на грип цела година. Грипот се поклопува (вметнува) над коронавирусот. Сметам дека ќе го има помалку од вообичаено во последните две три години. Обично доаѓа од истокот“, смета Зверев.

Сега, кога границите се затворени и епидемиите на грипот ќе се развиваат побавно, заклучува Зверев.