Во Франција убиен маж кој се заканувал со оружје, избоден чуварот на францускиот конзулат во Џеда

Француската полиција усмртила маж Монфавет, место недалеку од Авињон во јужна Франција, откако со пиштол им се заканувал на минувачите, соопшти полицијата во четвртокот.

Како во смртоносниот напад претходно во четвртокот во Ница, и мажот во Монфавет извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), пренесува радиот Europe 1.

Претходно претпладнето во четвртокот во Ница три лица беа убиени од кои едната жртва обезглавена, во напад пред и во базиликата Нотр Дам. Полицијата и обвинителството го карактеризираа овој напад како терористички чин.

Во одделен инцидент во четвртокот во Саудиска Арабија е ранет припадник на обезбедувањето пред францускиот конзулатот во Џеда. Четириесетгодишниот напаѓач употребил ладно оружје, изјави портпаролот на локалната полиција Мохамед ал-Гамди.

Сѐ уште не е јасно дали днешните инциденти имаат некаква поврзаност со нападот во Париз пред две седмици кога ученик, исто така, обезглави гимназиски професор поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед.

Франција по убиството на гимназискиот професор Самуел Пати порача „дека никогаш нема да се откаже“ од својата поддршка за слободата на изразувањето и покрај „заплашувањата“ и истакна дека постои „големо европско единство“ во поддршката на Франција и „начелата и вреднотите кои ги брани“ Републиката.

Нападите во Франција и француските цели, како и повици на бојкот на француските производи, зачестија откако францускиот претедател Емануел Макрон застана во одбрана на објавувњето на карикатурите на пророкот Мухамед како слобода на изразувањето, на што се особено чувствителни муслиманите.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердгон минатата седмица ги нападна мерките на неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за борба против исламистичкиот екстремизам и активизам, тврдејќи дека тие претставуваат „одмазда кон муслиманите и обид да бидат покорени“. Ердоган истовремено повика на бојкот на сите француски производи и

Макрон претходно по двата исламистички напада во Париз најави мерки за борба против исламистичкиот активизам и се зазема за градење ислам кој одговара на „вредностите на Републиката“. Рече дека владата работи со главната муслиманска организација во Франција за да изгради „ислам на просветителството“ кој може да биде „во мир со Републиката“.

Ердоган го критикува Макрон поради изјавата дека гарантира дека Франција и натаму ќе стои зад објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед, дадено во текот на националното оддавање на почесто на професорот Самуел Пати кому му беше отсечена главата на радикален 18-годишниот радикализиран исламист, бидејчи овој на предавање за слободата на говорот ги прикажал контроверзните карикатури, што е се смета за голема навреда во исламот кој забранува секакво изобразување на ликот на Мухамед или на Алах.

Изјавите на Макрон предизвикаа нов бран критики и протести во муслиманскиот свет, како и пред пет години, од страна на политички и верски челници, пратенииц и граѓани по социјалните мрежи и поттикнаа протести и повици на бојкот на француските производи.