
Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13-ка за предметот „Рекет“ и со тоа ја укина мерката притвор и му определи мерка куќен притвор.
„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува. Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор“, соопшти Кривичниот суд.