
Десетици илјади луѓе повторно протестираа во петокот во меколку муслимански и арапски земји против Франција поради нејзиното заложување за објавување на карикатури на пророкот Мухамед како израз на слободата на изразувањето.
Протестите започнаа по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој се залага за прикажиување на карикатури на пророко Мухамед како слобода на говорот и основа на француските и европските вредности, откако 18-годишени ученик пред две седмици обезглави професор кој на час за слобода на говорот ги прикажал спорните карикатури кои во муслиманскиот свет како и секое прикажување на пророкот се смета за богохулие.
Во петокот најмасовните протести се одвиваа во Бангладеш и во Пакистан, но и во Индија, на Блискиот исток и во земјите на Магреб.
Во Дака, каде што дополнителни безбедносни сили се распоредени околу француската амбасада, повеќе од 40.000 дефилирале на улциите, според податоците на медиумите и организаторите.
„Сите сме војници на пророкот Мухамед“, скандираа по излегувањето од петочната молитва во најголемата џамија во земјата Баитул Мукарам
Демонстрантите повторно повикаа на бојкотирање на француските производи и на „казнување“ на Макрон. Беа повторно палени француски национални знамиња и фотографии на Макрон.
„Франција навредува милијарди муслимани во светот. Претседателот Макрон мора да се извини за своето злосторство“, изјави Гази Атаур Рахман, висок фундкионер на Ислами Андолан Бангалдеш, една од главните исламистички партии во Бангладеш.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Демарнен изјави во петокот дека Франција е вклучена во војна против екстремната исламистичка идеологија и може да се очекуваат уште напади од милитантите на француска почва.
Демарнен ја даде изјавата ден откако напаѓачот вооружен нож извикувајќи „Алаху Акбар“ (Господ е најголем), обезглави жена и уште две лица во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница, пред да биде застрелан од полицијата. Во четвртокот во Париз и Лион беа спречени слични напади со исламистичка заднина, а се истражува и случајот во кој полицијата уби лице вооружено со пиштол кој им се заканувал на минувачите близу Авињон.
Во петокот главниот антитерористички обвинител на Франција, потврди дека мажот осомничен за масакрот во Нива е 21-годишен Тунижанец кој во Европа стасал на 20-ти ептември од италијанскиот остров Лампедуза, на кој меѓународните навладини организации и европските бродови за спасување на море ги истовруваат мигрантите кои тргнуваат од северна Африка, и кој служи како влезна точка за мигрантите на европската почва. Исто така е потврдено дека тој бил ослободен од бегалскиот капм италијанските власти по перидот на каранти и проверка и на почетокот од октомври влегол во Франција. Осомниечниот е во критична состојна во болница во Ница