-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Во ребалансот на Буџетот требаше да се обезбедат средства за здравство и образование

Со вториот ребаланс на Буџетот предвиден е дефицит од 8,4 отсто, кој е највисокиот од 1994 година до денес, што значи дека е највисокиот и по дефицитот по крахот на македонската економија која се случи во мрачната транзиција на општествената сопственост кога преку 300 илјади луѓе останаа без работа а олиграхијата на СДСМ за беспари ги зема фабриките во секој град и село, на што многу добро се сеќаваат повозрасните генерации, рече во петокот потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дискурирајќи за владиниот предлог за измени во државната каса.

„Во 2008 година кога беше светската економска криза, дефицитот бил само 0,9 проценти, значи помалку од еден буџетски дефицит, засега да стигне на 8,4 проценти“ рече Николоски.

Истовремено опозицискиот пратеник се осврна и на состојбата со јавниот долг во земјата.

„Јавниот долг како процент од бруто домашниот производ (БДП) во 2008 година во време на светската криза бил само 23 проценти. Значи дека ако Македонија произведувала илјада денари долгот бил само 23 денари. Денес јавниот долг достигнува до 59,3 проценти или од 1.000 произведени денари околу 60 денари е долгот со голема можност да оди и до 670 проценти затоа што приходната страна е нерално проектирана во овој ребаланс“, посочи Николоски.

Укажа и што требало да се направи со ребалансот на Буџетот.

„Требаше да се направи зголемување на Буџетот за здравството како приоритет како во сите земји кои се справуваат со корона и требаше да се оди кон брза реализација на капитални проекти во здравството кои ќе останат како трајно добро, второ, дополнителна награда за здравствените работници, трето, обезбедување на образование за во овие нови услови да не ни се случува луѓето да мислат као да подигнат кредит за да му купат кредит, и слично, рече Николоски.