Бројoт коронаинфекции во САД во кампањата на неколку дена пред изборите

Во САД во четвртокот е забележан рекорден број новозаразени со коронавирусот и изнесуваше 90.728 лица, со десетици сојузни држави во кои заразата достигнала наводно рекордни бројки само неколку дена пред претседателските избори на 3-ти ноември.

Истовремено, од компликациите предизвикани од коронавирусот починале уште 1.004 луѓе, или трет пат оваа седмица над илјада смртни исходи, но е делеку под бројките од првиот бран на . САД, кои имаат над 328 милиони население, вкупно бележат досега над 9 милиони заразени и речиси 229.000 смртни исходи, спорд универзитетот „Џонс Хопкинс“ што се највисоки показатели во светот.

Истовремено се приближува денот кога Американците ќе мора да се решат или за досегашниот републикански претседател Доналд Трамп или за неговиот демократски противкандидат Џо Бајден.

А кампањата на демократите, па дури и надвор од САД и особено во западна Европа, водена и преку научни списанија, се обидува во последните денови пред гласањето фокусот да го стави токму врз прашањето за справувањето со епидемијата од коронавирусот, сметајќи дека тоа носи негативни поени за Трамп.

Така медиумите истакнуваат дека 21 сојузна држава се соочуват со ширење на вирусот, а некои од најпогодените држави се оние кои се и клучни во изборот на американскиот претседател.

Во една од таквите држави, Висконсин, болицата во Грин Беј предупреди дека предизборниот собир кој во петокот по локални време го организираше кампањата на Трамп може да го влоши ширењето на вирусот.

„Сеега е поважно од кога и да е да се избегнат собирите на мноштво луѓе, особено тука во Грин Беј, каде гледаме едно од најбризите ширења на Covid-19 во САД“, се наведува во заедничкото соопштение на неколку болници.

Трамп, пак, пред најавениот собир твитуваше во својот стил. „Колку повеќе тестови, толку повеќе случаи (на заразата –з.р.). Смртни случаи (има) сѐ помалку“.

На неговите последни собири на присутните им беше мерена температурата и им беа делен маски за лице. Собирите поради епидемијата се одржуваа на отворени простори. Меѓутоа, противниците критикуваат дека не било одржувано физичко растојание, како и дека некои од неговите приврзаници и натаму ги избегнуваат маските.

Бајден, исто така, ја продолжи кампањата, а медиумите го фалат дека на собирите на демократите наводно се почитувала социјалната дистанца и поради помалиот број присутни, со повикување луѓето да остана во своите автомобили во текот на митинзите.

Американските здравствени стручњаци предупредуваат дека бројот на слуичаите на заразата и смртните исходи ќе растат, бидејќи како и секаде во светот сезоната на грипот коинцидира со пандемијата на коронавирусот.

Водечкиот американски инфектолог и шеф на тимот на Белата куќа за коронавирусот, Ентони Фаучи, изјави во средата дека нацијата „оди во погрешна насока“. „Ако работите не се променат, ако се продолжи во овој правец, ќе има уште многу болки во оваа земја во врска со нови случаи, хоспитализации и смртни случаи“, рече неодредено во интервјуто за CNBC што се толкуваше како негова критика на пристапот на претседателот во епидемијата.