
На првиот ден како министер во Владата блиски роднини на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски добиле тендер во општината која тој ја водеше речиси три години, според документите објавени на социјалните мрежи
Бочварски е избран за министер на 31-ви август а фирмата „Де Лукс“ ДОО веќе наредниот ден добива тендер од општина Штип.Според достапните документи на 1-ви септември општина Штип склучила договор или рамковна спогодба со фирмата на братот на таткото и таткото на министерот Бочварски.
Тоа значи дека тендерот е подготвен и одлуката кој ќе го добие била донесена додека Бочварски бил градоначалник на Штип.Во нормална држава која сака да влезе во ЕУ Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство веднаш би пристапиле кон истрага на тендерот поради непотизам, корупција, злоупотреба на службена должност.
Колку треба да си безобразен, за кога си Градоначалник на општина, од институциите под твоја капа да делиш тендери на татко ти и чичко ти??? pic.twitter.com/6sJKz0Aonp
— RajnaBureva (@RajnaBureva) October 30, 2020