(ВИДЕО) Во Лион застрелан православен свештеник

Грчки православен свештеник е ранет во саботата попладнето во француски Лион од огнено оружје а напаѓачите се во бегство, објавија француските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

„Свештеникот само што ја затворал црквата“, соопштила полицијата додавајќи дека состојбата на 52-годишниот свештеник е тешка.

„Безбедносните сили и припадниците на службата за спасување се на самото место…. Избегнувајте ја оваа област и следете ги упатствата на властите“, објави на Twitter француското министерство за внатрешни работи.

Според медиумите во областа на црквата во седмиот арондисман на Лион, се слушнале најмалку два истрела од огнено оружје, а едниот напаѓач бил на околу 40-годишна возраст.

Овој напад во Лион се случува откако во четвртокот на пладне полицијата во центарот на градот уапси лице со мачета кое им се заканувало на минувачите и се обидувало да се качи во преполн трамвај со луѓе кои се враќале од работа.

Само неколку часа пред овој инцидент 21-годишен илегален мигрант од Тунис изврши масакр во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница, ранувајќи неколку лица и убивајќи три луѓе, од кои обезглави една жена.