
Британскиот возач Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес победи во трката за Големата награда на Емилија-Ромања возена во неделата на патеката во Имола, остварувајќи ја деветтата победа сезонава и 93-та во кариерата обезбедувајќи му ја на германскиот тим рекордната седма последователна победа во конкуренцијата на контруктори.
Во првата трка возена во Светското првенство во класата Формула 1 во Имола по 14 години, Хамилтон славеше пред клупскиот колега Финецот Валтери Ботас, додека трет беше Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на Рено. Четврти беше Русинот Данил Квјат од тимот на АлфаТаури Хонда, а петти Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферар, додека на шестта позиција се пласираше Мексиканецот Серхио Перез од Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес.
Хамилтон, кој во првиот круг по лошиот старт падна на третото место а во водство се врати во 29-от круг, за две седмици ќе има можност на трката за Големата награда на Турција да ја осигури седмата шампионска титула со што би се израмничл со рекордните седум титули на легендарниот Германец Михаел Шумахер.
Мерцедест уште на крајот трката во Имола ја обезбеди тутулата меѓу конструкторите, станувајќи првиот тим во историјата на Формула 1 кога седум пати последователно ја освојувала титулата.
„Ова е неверојатно достигнување за сите нас. Горд см на сите и многу сум благодарен што сум дел од ова. Неверојатно, седум пати сме прваци. Тоа е нешто што ќе можам да им го кажам на внуците еден ден“, изјави Хамилтон преку тимското радио откако му соопштија за успехот во конкуренцијата на конструкторите.
Во генералниот пласман кај конструкторите Мерцедес има недостижи 479 бодови, Ред-Бул Хонда се втори со 226, а трет е тимот на Рено со 135 бодови.
Хамилтон е во водство во генералниот пласман кај возачите со 282 бодови, втор е Ботас со 197 а трете е Холанѓанецот Макс Верстапен со 162 бода.
Сезоната продолжува по две седмици во Турција.
РЕЗУЛТАТИ:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 1 х 28: 32.430
2. Валтери Ботас (Финска/ Мерцедес) + 5.783
3. Даниел Рикиардо (Австралија/ Рено) + 14.320
4. Данил Квјат (Русисја/ АлфаТаури-Хонда) + 15,141
5. Шарлс Леклер (Монако/ Ферари) + 19,111
6. Серхио Перез (Мексико Расинг Поинт-Мерцедес) + 19.652
7. Карлос Саинц јуниор (Шпанија/ Мекларен-Рено) + 20.230
8. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен-Рено) + 21.131
9. Кими Рајконен (Финска/ Алфа Ромео Рејсинг Ферари) + 22.224
10. Антонио Џовинаци (Италија/ Алфа Ромео РејсингФерари) + 26.398
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 282 поени
2. Валтери Ботас (Финска) 197
3. Макс Верстапен (Холандија) 162
4. Даниел Рикиардо (Австралија) 95
5. Шарлс Леклер (Монако) 85
6. Серхио Перез (Мексико) 82
7. Ландо Норис (Велика Британија) 69
8. Карлос Саинц јуниор (Шпанија) 65
9. Александер Албон (Тајланд) 64
10. Пјер Гасли (Франција) 63
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРИ
1. Мерцедес 479 поени (ПРВАК)
2. Ред Бул-Хонда 226
3. Рено 135
4. Мекларен-Рено 134
5. Рејсинг Поинт-Мерцедес 134
6. Ферари 103
7. АлфаТаури-Хонда 89
8. Алфа Ромео Рејсинг Ферар 8
9. Хаас-Ферари 3 поени