Арсовска: Пакетот на мерки кој го нуди државата за помош на економијата е најмал во Европа и не ги задоволува основните потреби

Данела Арсовска од Сојуз на стопански комори во своето гостување во „Утрински брифинг“ зборуваше за економската помош од страна државата и посочи дека тоа што го доби македонската економија од страна државата беше најмалиот економски пакет во Европа.

„Тој државен интевенционизам од аспект на финансиска инекција кој што ние го добивме беше најмалиот пакет кој што постои во Европа, во процент од БДП. Нашиот пакет беше најмал што значи дали ќе пристигнат, колку ќе пристигнат, колкав број на субјекти вие истиот ќе го поделите за да може процентуално тој да биде поголем или помал кога самата големина на пакетот не е голем за да задоволи ниту основните потреби на оние на кој што тоа им е потребно. Понатаму се соочуваме со други проблеми како што е сега ова со Собранието, премногу се дискутира на одредени теми и за мене е навистина смешно и страшно да мораме ние во 21 век да апелираме до чинителите во општеството дека на вакви клучни работи дека треба да донесат само еднаш и да завземат консензус во Собранието, да ги го изгласаат ребалансот и да го изгласаат 4 пакет на мерки“, рече Арсовска.