
Во објава која на својот Фејсбук профил ја сподели поранешниот прв човек на СОРОС Македонија, Владимир Милчин се испраќа порака до власта. Статусот е напишан од директорката на Институтот за комуникациски студии, а со споделувањео Милчин покажа дека се согласува со пораката.
„Ајде сега да ги продадете или вратите сите тие силни лимузини, пасати и џипови што ви се земени на лизинг и што ние граѓаните ви ги плаќаме. И да купите возила за брза помош и кревети за болните и да вработите колку што е можно повеќе медицински и технички лица оти ќе нема кој вода да им даде на болните.
Ги заќуткувате тие што бараат помош?! И реагирате само ако има Фејсбук пост и тогаш одма за “утре” наоѓате комбе, оти сфаќате доцна дека екстра глупо ви е објаснувањето – “ене го кај е декември стрпете се, ќе дојде возилото”.
Каква е таа дрскост и безобразлук уште да зборувате за власт, опозиција, партии и очајни оправдувања од типот немаме пари?! ИМА пари само не треба да се трошат на функционерски дневници, скапи советници, патни трошоци, автомобили и репрезентација за дебелеење на сметка на оние што не успеваат да најдат ниту превоз, ниту кревет во болница“ – пишува во статусот на новинарката Жанета Трајкоска кој беше споделен од Милчин.