Уставниот суд на дневен ред од својата 30-та седница (закажана за 6.11.2020 година во 9:30 часот) како точка 5 ја постави, меѓу другите, и Иницијативата од група граѓани, поднесена уште во јануари 2019 година, а коишто се однесуваат на амнадманот со кој беше променето уставното име на Република Македонија.
Во Иницијативата подносителите бараат Уставниот суд да ја оцени уставноста и законитоста на Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI.
Во оваа смисла, Судот ја формулирал точка 5 од закажаната седница: „Одлука за прогласување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, заведена под број 08-184/1 донесена на седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана од 11 јануари 2019 (‘Службен весник на Република Македонија’ бр. 6/2019). Реферат У.бр.13/2019, У.бр.31/2019, У.бр.38/2019 и У.бр.26/2020“ .
На Седницата Уставниот суд треба, меѓу другото, да ја оцени уставноста и законитоста на Амандманот XXXIII со кој се преиначи/промени името на Државата.
„Заради сериозноста на Седницата, закажана за 6.12.2020 год., би било пожелно граѓаните да го потсетат Уставниот суд (преку своите фејсбук профили, преку твитер или на кој било друг јавен и легален начин) за сериозноста на одлуката што треба да ја донесе и дека одложувањето, т.е. самопрогласувањето за ненадлежен за овие прашања само би ги одложиле, наместо да ги решат проблемите/прашањата, произлезени од Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI и кои, како времето изминува, стануваат сѐ поактуелни. Што поголем број граѓани јавно (преку твитер, фејсбук и други јавни легални средства) го изнесат своето мислење, толку подобро како за Државата, така за граѓаните, така и за самиот Уставен суд, кој конечно треба да одлучи за уставноста и законитоста на овие Амандмани. П.С. Значи, ништо повеќе освен потсетување на Судот на неговата/неговите обврски“, извести професорот Љубомир Цуцуловски на својото фејсбук профил
Дневниот ред на закажаната седница може да се види на сајтот на Судот: http://ustavensud.mk/?p=19893