
Според најновата листа што ја објави магазинот Форбс, Кристијано Роналдо и официјално е првиот фудбалер кој заработил преку една милијарда долари.
Португалецот со приход од 1,05 милијарди е вкупно третиот спортист во историјата кој успеал да мине оваа магична сума и им се приклучи на Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.
Кристијано Роналдо е меѓу петте најдобро платени познати личности во светот за оваа година и се наоѓа зад Роџер Федерер со 106,3 милиони долари, Канје Вест со 170 и Кајли Џенер со 590 милиони.
Зад Португалецот е Лионел Меси со 104 милиони долари, кој е петти, а меѓу првите десет на листата на Форбс се уште двајца спортисти.
На седмото место со приход од 95,5 милиони е Нејмар додека на деветтата позиција со 88,2 милиони е Леброн Џејмс.