
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.11.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 737 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.