(ФОТО) Потврдени три жртви од нападот во Виена

EPA/CHRISTIAN BRUNA

Нападот во центарот на Виена, во кој се убиени тројца минувачи а ранети се уште 17 лица, го извел најмалки еден исламистички терорист, соопшти во вторникот утрото австрискиот министер за внатрешни работи Карк Нехамер, прекинувајќи ги нагаѓањата и шпекулациите во медиумите во текот на вечерта.

Полицијата потврди дека во нападот загинале тројца случајни минувачи: двајца мажи и една жена, како и дека еден од напаѓачите го убиле нејзините припадници во меѓусебна пестрелка.

Изминатата ноќ, полицијата не ги коментираше објавите во медиумите за седум жртви и 15-ина ранети.

Во меѓувреме весникот Kurier, повикувајќи се на виенскиот градоначалник Михаел Лудвиг, пренесе дека починала и четвртата жртва од синоќешниот терористички напад. Според првичните сознанија, уште 18 лица се ранети.

Портпаролот на Виенскиот здравствен сојуз, Кристоф Мирау, за агенцијата APA потврдил дека има 17 потвредени лица, од кои седум тешко. Меѓу тешко повредените е и еден полицаец, кој сѐ уште е во критична состојба. Додал дека се стравува оти може да има уште жртви.

Напаѓачот бил симпатизер на ултрарадијалната сунитска организација Исламска држава, изјави Нејамер на прес-конференцијата,

Претходно ноќта американската компанија SITE Intelligence Group, којапт ги следи информативните активности на екстремистичките групи на итнернет, објави дека џихадистите ја преземале одговорноста за нападот во Виена. Во објавата се исакнувало дека нападот бил „плаќање на сметката“ за учеството на Австрија во коалицијата предводена од САД против Исламската држава.

Напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка и имал лажен појаса со експлозив. Очигледно е дека сакал да предизвика паника, додаде министерот Нехамер.

Претходно беше соопштено дека неколку осомничени вооружени со автоматско оружје почнале да пукаат во центарот на Виена, околу 20 часот. Повеќе напаѓачи отвориле оган на шест локации близу централната виенска синагога. Полицијата не ги коментираше ниту информациите според кои, заложници биле земени и во ресторан и во хотел близу локациите на кои било пукано.

Нехамер претходно рече дека најмалку еден осомничен е во бегтво. „Сега можеме да заклучиме дека нема други напаѓачи“, рече Нехамер на прес-конференцијата,

На улиците на Виена распоредени се илјада полицајци, додека истрагата е во полн замав. Канцеларот Себастијан Курц претходно во текот на ноќта најави дека на улиците на австриската престолнина ќе бидат распоредени и војници, кои ќе треба да и помогнат на полицијата да се фокусира на истрагата и потерата.

 

epa08793953 Austrian police patrol after a shooting near the ‘Stadttempel’ synagogue in Vienna, Austria, 02 November 2020. According to recent reports, at least one person is reported to have died and 3 are injured in what officials are treating as a terror attack. EPA/CHRISTIAN BRUNA