
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијн Мицкоски испрати сочувство до Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц по вчерашниот терористички напад во Виена.
-Примете го моето сочувство и најдлабоко жалење за настаните кои се случија во Виена.
Овој напад е терористички напад на цела Европа, и на вредностите кои ние ги негуваме.
Македонците сочувствуваат со Австријците во овие тешки моменти. Нашите молитви се со Вас и Вашата држава, порача Мицкоски.