Почина 26 годишно момче од коронавирус, неговиот брат се лекува во болница, а татко му дома!

Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести, каде што се лекувал од Covid-19 и неговиот брат, додека таткото се лекувал во домашни услови.

„Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25-ти октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба„, стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.

Според неофицијални извори блиски до момчето, тој бил позитивен на коронавирус. Истиот извор тврди дека на клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.