Стојанче Ангелов стана директор на Центарот за управување со кризи

Владата на денешната седница назначи нови членови на Извршни и надзорни одбори во јавни претпријатија и акционерски друштва во кои има сопственост.

Александар Ранѓеловиќ е отповикан од  член на Надзорниот одбор на Железници Транспорт АД-Скопје, а на негово место го избра Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.

Од Надзорниот одбор на ЕСМ е отповикана Верица Узунова, а на нејзино место е избрана Слаѓана Богдановиќ.

Прифатена е и оставката на Виктор Петрушевски од член на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми“ и препорача да биде избран Трајче Ангеловски на негово место.

Владата му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски.

Миле Сугарев да го разреши од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување, а Стево Крстевски го именува за в.д. директор на Фондот.

Владата даде согласност на Одлуката на Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување  со која за в.д. директор на Фондот е именувана Билјана Јовановска.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски да го разреши од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди да го именува за в.д. директор.

Владата ја прифати оставката на Лидија Ѓоршевска и ја разреши од должноста директор на Државниот испитен центар, на нејзино барање, а на нејзино место за в.д. директор ја именува Елизабета Наумовска.

Прифатена е и оставката на Аднан Џафероски од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути да го именува на негово место.

Разрешен е и Агрон Буџаку од  директорското место во  Центарот за управување со кризи, а на негово место е именуван Стојанче Ангелов. Ангелов е разрешен од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани.

Фирус Мемед, е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност.

Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Виктор Талески, е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Владата денеска го разреши Бобан Томески од должност член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето да го именува Злате Симоновски.

Престаок на мандатот Владата утврди и за челновите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова, а за член на одборот ја именуваше Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.