За една седмица 70 отсто повеќе позитивни на Ковид-19 – 5.800 лица

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020г., тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6 отсто во однос на претходната недела, информира Министерството за здравство.

Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1 отсто споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4 отсто), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.  Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20.2 отсто), 40-49 (n=1089; 18,8 отсто), 50-59 (n=1056; 18,2 отсто) и 20-29 (n=866; 14.9 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6%) и 10-19 години (n=243; 4,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2 отсто) лица од женски и 3.007 (51,8 отсто) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5 отсто.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8 отсто во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со ковид-19 за периодот од 26.10-1.11.2020г. како и Кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/