
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска преку статус на Фејсбук објавува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија пред граѓаните направиле кворум за да мерките од четвртиот пакет стигнат до граѓаните и компаниите.
-Вчера се донесе ребалансот на буџетот, благодарение на нас пратениците од опозицијата во Собранието, бидејќи “одговорното и стабилно мнозинство” имаше присутни само 55 пратеници. Ние како одговорни пратеници пред граѓаните направивме кворум за да мерките од 4-от пакет стигнат до граѓаните и компаниите засегнати од пандемијата. Продолжуваме посветени и се обврзуваме за доброто на граѓаните!