Поради неправилности кампањата на Трамп побара запирање на пребројувањето и во Џорџија

Изборниот штаб на американскиот републикански претседателе во средата поднесе тужбна и во судот во сојузната држава Џорџија, барајќи запирање на пребројувањето на гласовите поради регистрирани неправилности, пренесе агенцијата Associated Press.

Во предложената пресуда со која се бара запирање на пребројувањето на гласовите е наведено дека набљудивачите на Републиканската партија биле сведоци кога член на избирачко место ги измешал необрабпотените гласови по пошта со оние кои се обработени.

Кампањата на Трамп претходно преку правен пат побара запирање на пребројувањето на гласовите и во сојузните држави Пенсилванија и во Мичиген, а во Висконсин бара повторно пребројување на гласовите. Како причина се наведува оневозможување на републиканските набљудувачи да имаат пристап и увид во пребројувањето на гласачкиот материјал.

Адвокатот на републиканскиот претседател Рудолф Џулијани, на прес-конференција рече дека на републиканските набљудувачи во Пенсилванија воопшто не им е дозволено да ги видат дописните гласови.

„Очите на сите во земјата се вперени во Пенсилванија, но Пенсилванија ги брои ливчињата испратени по пошта скриено од погледите (на набљудувачите) и тоа мора да престане. Се обративме до судот за да го прекинеме пребројувањето очекувајќи поголема транспарентност“, напиша претставникот на кампањата на Трамп, Бил Степиен во соопштение за јавноста.

Поранешниот њујоршки градоначалник Џулијани вети дека ќе трага по „мртвите души“ во Пенсилванија, конкретно во градот Филаделфија.

„За жал, жалам што го говорам ова за мојот роден град. Филаделфија има репутација на град со изборни измами. Имавме на увид список со мртви луѓе кои гласале и ќе разгледаме колку мртви гласале на овие избори“, рече Џулијани.

Изборниот штаб на Трамп и од судот во Мичиген побара прекинување на пребројувањето на гласовите.

„Поднесовме тужба пред Апелациониот суд на Мичиген за да се сопре пребројувањето на гласовите сѐ додека не ни се овозможи соодветен пристап. Исто така, побаравме повторно да се проверат сите ливчиња кои веќе се преброени додека немавме пристап“, се наведува во соопштението.