
Лидерот на Демократската унија за унтеграција, Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори на 3-ти ноември, се истакнува ви партиското соопштение/
„Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите американски аржави.
Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на Соединетите држави за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата куќа“, се вели во соопштението на ДУИ.
Ахемти, исто така, искажува и „голема благодарност“ и до претседателот Доналд Трамп за неговиот придонес во изминатите четири години.
„Нашето пријателство со Соединетите држави е вечно“, напиша Ахмети во својата честитка до новоизбраниот претседател Бајден.