Скопјанец тешко повреден во судар на мотоцикл и автомобил

На 06.11.2020 во 11:25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Бледски договор“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.М.(52) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.