Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија во саботата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура се двжи во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени.

Од денес следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро.