
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во саботата вечерта му ја честиташе победата на Џо Бајден на американските претседателски избори порачувајќи дека сега Алијансата и САД заеднички ќе се спритистават на многу закани, меѓу кои го истакна Русија и Кина.
„Срдечно го поздравувам изборот на Џо Бајден за следен претседател на Соединетите држави. Го познавам г-дин Бајден како силен поддржувач на НАТО и трансатлантските односи“, пишува Столтенберг алудирајќи меѓу редови на критиките на сѐ уште актуелниот американски претседател Доналд Трамп на европските сојузници за нивното недоволно вложување на колективната одбрана и затегнатите односи со нив.
Водството на САД е важно како и секогаш во непридвливиот свет, наведува Столтенберг, и истакнува дека „со нетрпение очекува да соработува со избраниот претседател Бајден, со новоизбраната потпретседателка Камала Харис и новата администрација за натамошно зајакнување не врските меѓу Северна Америка и Европа“.
Столтенберг истакнува дека „силно НАТО е добро“ и за Северна Америка и за Европа, и потсетува дека сојузниците во Алијанската претставуваат речиси милијарда население, половина од светската економска моќ и половина од светската воена моќ.
„Потребна ние оваа колективна сила за да се справиме со многуте предизвици со кои се соочуваме, вклучително и сѐ понаметливата Русија, меѓународниот тероризам, кибернетичките и ракетни закани и промената на глобалниот баланс на силите како резултат на подемот на Кина“, се истакнува во објавата на Столтенбер на мрежната страница на НАТО кое има поврзување со неговата објава на Twitter.