СЗО објави нови дневни рекордни бројки на заразени со коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави нови рекордни показатели за заразени со коронавирисот забележани во еден ден.

Во петокот во СЗО се пријавени 581.679 случаи на нови коронаинфекции ширум светот во последните 24 часа. Тоа е за повеќе од 24.000 сличаи повеќе од последната највисока бројка забележана на 31-ви декември.

Повеќе од 48,5 милиони луѓе се заразени ширум светот од избувнувањето на пандемијата кон крајот на декември минатата 2019 година. Но стручњаците очекуваат дека актуелната бројка на заразени е многу поголема од официјалните показатели.

Повеќе од 1,2 милиони луѓе починале како последица од компликациите коишто ги предизвикува заболувањето означено како Covid-19, чиј патоген е новиот коронавирус SARS-CoV-2, според статистиката на СЗО. Во петокот ширум светот пријавени се 8.900 смртни исходи во последните 24 часа.