
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска му ја честиташе победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.
„Дозволете да Ви честитам на успехот во претседателската кампања. Ви посакувам добро здравје и продолжување на успехот во исполнувањето на Вашите обврски“,се наведува во честитката на Орбан кој во септември ја поддржа кандидатурата на Доналд Трамп.