
–За условите кои би дозволиле средба во блиска иднина, разговарале шефовите на грчката и турската дипломатија, Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу, соопштија на Твитер од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
– Во телефонски разговор денеска, МНР Никос Дендиас и турскиот МНР Мевлут Чавушоглу разговараа за условите што би им овозможиле повторно да се сретнат во блиска иднина, напишаа од Министерството на Твитер