
Музејот на македонската борба-Скопје, „најостро“ реагира на „злоупотребата и упадот“ во објектот Порта Македонија, откако претходно во понеделникот на споменатиот објект во центарот на градот бепе поставен транспарент кој ги покажува преку бројки неуспесите на актуелната владата на СДСМ и Зоран Заев.
И сѐ би било во ред со „реакцијата“ на споменатата институција, кога не би била водена од лица членови и сега предлози за функциите од партијата којашто во 2016 година ги вандализираше објектите и институциите во главниот град, па и низ државата, истурајќи меѓу другото и боја врз нив и врз мноштво споменици во склопот на ткн Шарена револуција. Впрочем, и денес сѐ уште трагите од нивната „опозициската активност“ се видливи на многу државни институции. Според власта, стојата како „потсетник“.
„Имено, денеска од страна на лица кои се претставија како членови на невладина организација, на терасата на објектот беше поставен транспарент со недолична содржина, а за што претходно биле известени и медиуми.
Согласно потпишаниот договор, на терасатa, почитувајќи ги сите препораки за заштита од Ковид 19, денеска требаше да се одржи настан „Состанок со млади лица за подигање на јавната свест кај младите за заштита на културното и историско богатство на нашата земја“, во траење од 1 час. Наместо состанокот, присутните, го злоупотребиле договорот и неовластено го истакнале транспарентот, со цел истиот да биде снимен и пренесен од медиумите.
Музејот на македонската борба-Скопје, ја осудува оваа груба злоупотреба и манипулација и истовремено потсетува на членот 5. од Договорот во кој стои дека дејствијата кои ќе се одвиваат во закупените простории, исто така и во околните пролазни простори ќе бидат користени исклучиво за намени наведени во чл. 2 од договорот, односно дека нема да се злоупотребат за националистички и дискриминаторски цели, дискриминациони претензии на национална, верска или било кој вид на разгорување на човечка нетрпеливост.
Ја информираме јавноста дека музејот ќе ги преземе сите правни инструменти за одгoворност на учесниците како и потписникот на Договорот.
Самиот настан претставува груба манипулација со граѓаните во име на невладините организации, а музејот ќе gi преземе сите механизми за откривање на сторителите и сите вклучени овој немил настан.“, се вепи во Соопштение на „Порта Македонија.
Соопштение на „Порта Македонија.
„39.760 активни случаи на Ковид и 1136 пчинати. Тоа е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справат со пандемијата. Бројчаникот којшто го вети Заев изгледа вака. Ова се бројки којшто ја покажуваат реалната слика, со којашто сите ние се соочуваме.
Имаме две милијарди евра долг, над 60 проценти од БДП, имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за европската интеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев“, посочи порптаотлот на ВРМО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во врска посочениот транспарент.

