13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Руски војник убил тројца на воен аердром, сега е во бегство

Утрово околу 5 часот руски војник убил три лица на воениот аеродром покрај градот Воронеж на југозападот од Русија, јавува руската новинска агенција „Тасс“.

Војникот се забарикадирал на подрачјето на воениот аеродром Балтимор и пукал со пушка која ја зел од еден официр. Убиени се три лица. Нашаѓачот наводно имал и секира. Меѓу убиените се двајца полицајци и еден воен службеник. Одредени портали јавуваат дека е повредено уште едно лице.

Напаѓачот побегнал и се трага по него, јавува локалниот портал „Moe-online“.