
Основното јавно обвинителство од Кавадарци по допрен глас отвори предмет во врска со настанот со прободено момче со нож во Кавадарци.
Ова денеска за МИА го потврди Елизабета Недановска, портпарол во Републичкото јавно обвинителство.
Таа појасни дека се прибираат материјални и вербални докази од страна на МВР, по насоки на Јавното обвинителство, по што се очекува комплетираната кривична пријава да биде доставена до Основното јавно обвинителство.
Во неделата, момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пронајдено во Кавадарци, а докторите по укажаната помош го препратија на клиника во Скопје.