
Времето во вторникот во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност.
Утринската температура се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината утрово и во претпладневните часови ќе биде магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската температура се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 Целзиусови степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.