Здравството на Филипче руши рекорди-30 починати од Ковид-19

Во изминатите 24 часа, од Ковид-19 во земјава починале рекорден број на луѓе досега, односно 30 лица, информираа вечерва од Министерството за здравство (МЗ). Од Ковид-19 починале шест пациенти од Скопје на 57, 66, 80, 64, 54 и 68 години, пет од Куманово на 58, 64, 67, 68 и 78 години, еден пациент од Штип на 67 години, тројца од Прилеп на 58, 57 и 72 години, пет од Тетово на 83, 60, 62, 89 и 58 години, еден од Битола на 78 години, пет од Кавадарци на 73, 74, 70, 77 и 70 години, еден од Гостивар на 67 години, двајца од Радовиш на 71 и 68 години и еден пациент од Кочани на 52 години.

Од МЗ соопштија дека се потврдени 947 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 530 случаи во Скопје, 54 во Тетово, по 43 во Битола и Охрид, 38 во Прилеп, 30 во Куманово, по 25 во Гостивар и Кичево, 23 во Струмица, 22 во Велес, 18 во Струга, 15 во Штип, по осум во Кавадарци, Пробиштип, Свети Николе и Ресен, седум во Радовиш, по пет во Македонски Брод и Делчево, по четири во Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово, по три во Дебар, Гевгелија, Кочани и Неготино, по два во Крушево, Берово и Валандово и по еден случај е регистриран во Пехчево и Виница.

Институтот за јавно здравје регистрирал 691 оздравен пациент, однсоно во Скопје-301, Куманово-45, Штип-13, Прилеп-34, Тетово-51, Струга-4, Велес-29, Битола-16, Охрид-24, Кавадарци-23, Гостивар-20, Гевгелија-13, Струмица-40, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-8, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-4, Кратово-5, Свети Николе-5, Кичево-11, Ресен-7 и во Неготино-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41222, бројката на оздравени пациенти е 24920, на починати е 1186, а бројот на активни случаи изнесува 15116“, стои во соопштението на МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје примени се десет пациенти, а вкупно е хоспитализиран 161 пациент. Од нив, на кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 275.934 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.042 теста.

Нема опис за фотографијата.