Уапсен маж поради пукањето кон саудиската амбасада во Хаг

Холандската полиција уапсила маж осомничен дека учествувал во пукањето врз амбасадата на Саудиска Арабија во Хаг во четвртокот утрото во кое немаше повредени а е предизвикана само материјална штета.

„Маж во 40-те години е уапсен во една куќа во Цотермер, близу Хаг во четвртокот попладне“, соопшти полицијата додавајќи дека осомничениот е „уапсен и притворен, како и дека ќе биде испитуван“.

Саудиската амбасада на Twitter објави дека ниеден припадник од нејзиниот персонал во дипломатската мисија не е повредени. Засега не се познати мотивите за инцидентот.

Саудиската влада „го осудува овој кукавички напад и им се заблагодарува на холандските власти за нивниот брз одговор“, напиша амбасадата и ги предупреди саудиските државјани кои се наоѓаат во Холандија.

Холандското министерство за надворешни работи „сериозно го сфаќа овој инцидент и е во тесен контакт со саудиските власт“, објави дипломатијата.

Во четвртокот рано утрото бил отворен оган кон саудиската амбасада во Холандија. Инцидентот се случи ден по експлозијата на немуслиманските гробишта во Џеда во текот на свеченоста на одбележувањето на крајот од Првата светска војна, во која беа повредени грчки дипломат и саудски полицаец, а полесно уште неколку луѓе. На свеченоста учествуваа претставници на неколку конзулати, меѓу кои и на францускиот. Тоа беше втор напад во Џеда врз француска цел, откако претходно беше избоден припадник на обезбедувањето на францускиот конзулат, а е првиот бомбашки напад врз странци во земјата.