
Откако на теренот огромниот успех постигнат вечерва македонските фудбалски репрезентативци го прославија со песната „Едно име имаме“, во соблекувалната тие ја запеја познатата навивачка песна „Излези момче право на тераса и поздравија ја Гоцевата раса“.
Како што оваа песна ги бодреше македонските ракометари и кошаркари до големите успеси на континентални натпреварувања, нека ова биде свевиден повик за масовно присуство на навивачите следното лето на историскиот прв настап на Европското фудбалско првенство.