
Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз им честиташе на македонските фудбалери за пласманот на Европското првенство.
-Честитки за историското квалификување за Европското првенство во фудбал. Силна страст и напори од целокупниот тим, кој им донесе радост на сите во земјата, напиша Брз на својот профил на Твитер.
Заедно со напишаниот текст на постот е ставена и фотографија од фудбалската репрезентација.