СЗО: И трупањето вакцини ја продолжува пандемијата

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејезус, смета дека правичниот пристап до вакцините ширум светот е во интерес на сите и на секоја земја, додавајќи дека трупањето вакцини во некои земји може само да ја продолжи пандемијата.

„Национализмот поврзан со вакцинацијата ќе ја продолжи пандемијата, нема да се скрати“, рече Тедрос на Парискиот мировен форум.

Предупреди дека вирусот ќе продолжи да се шири и економското закрепнување на глобално ниво ќе се забави доколку луѓето во сиромашните земји не можат да се вакцинираат.

„Некои земји купуваат повеќе вакцини однапред, во количества што се над двојно повеќе од бројноста на населението, со што се загрозува достапноста на вакцините за другите земји“, додада првиот човек на СЗО.