
За цели 9 месеци градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин реализирал очајни 18.5% капитални инвестиции. Што значи дека во Општина Аеродром како една од најголемите урбани општини во земјава капитални инвестиции воопшто нема. Ова е одговорот на прашањето зошто цели три години Општина Аеродром нема ниту една капитална инвестиција и ниту еден крупно решен проблем за жителите на Аеродром, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Златко Марин нема решено ниту еден проблем, а не пак да се зафати со решавање на проблемот со загадениот воздух, со квалитетна инфраструктура или пак проблемот со недостиг на детски градинки, потребата од обнова на парковите и нови содржини. И оваа година Марин ја поминува без ниту една инвестиција која ќе го реши проблемниот со загадениот воздух, велат од партијата.
– Нема капитални инвестиции, но затоа градоначалникот на Аеродром Златко Марин склучил два договори со вредност од над 3 милиони денари за аудио опрема, осветлување и лед екрани со цел оддржување на манифестации и настани во услови кога тие се забранети поради корона кризата. Значи има пари за аудио опрема за манифестации кои нема да се оддржат а за решавање на проблеми нема, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.