Марко Михаилоски е нов претседател на младината на СДСМ

Социјалдемократската младина на Македонија денеска за нов претседател на СДММ едногласно го избра Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.

„СДСМ постојано се менува но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“, соопштија од СДСМ.

Михаилоски рече дека ќе биде претседател на сите, дека ќе работи за младите и за сите граѓани.