Најмалку 34 убиени во напад врз автобус во Етиопија

Вооружени напаѓачи убиле ноќта кон неделата најмалку 34 луѓе во напад врз автобус во регион на западот на Етиопија, објави во неделата националното тело задолжено за заштита на човековите права.

„Проценетиот број жртви сега е 34 и веројатно ќе се зголемува“, соопшти Етиопската комисија за човекови права, која е формирана од владата но дејствува независно.

Комисијата додава дека нападот бил изведен во регионот Банишангул-Гумуз. Според неа, во овој регион во текот на изминатата ноќ имало уште напади.

Поради влошувањето на безбедносната ситуација во Етиопија, досега најмалку 25.000 жители побегнале од земјата, најмногу од северниот регион Тиграи, во соседен Судан, соопшти тамошната новинска агенција Suna.

Непријателствата започнаа на 4-ти ноември, кога етиопскиот прениер Абији Ахмед, добитник на Нобеловата награда за мир пред две години за решавање на деценискиот конлфикт во регионот, ја испрати сојузната војска во Тиграи, откако регионалните сили на ги обвини за напади.

Од УНХЦР соопштија дека очекуваат голем бран бегалци, бидејќи според нивните процени судирите ќе се интензивираат. Во борбите досега загинале по повеќе стотици лица и на двете страни.