
Фејсбук статус на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ
Колку ли вредат нашите животи за власта!? Што правеа до сега!? Пљачкаа во матно!?
Од март месец до сега имаа доволно време да го организираат цел систем , вклучително и здравствениот како приоритет.
Имаа време да набават доволно тестови и да опремат повеќе пунктови, лабаратории, здравствени установи каде без застој ќе можеше секој да се тестира без да треба да чека со денови и да плаќа приватно.
Имаа доволно време да адаптираат повеќе болници и други институции да функционираат како Covid центри, целосно опремени со потребната апаратура, кислород и достоинствени услови за лекување. А воедно да останеа како “чисти” болници останатите, каде без застој ќе се укажуваше помош за сите останати заболувања и ќе се правеа интервенции кои се од витално значење за здравјето и животот на пациентите.
Имаше доволно време да се обучи и дообучи кадар, ангажирајќи невработени здравствени работници чија бројка изнесува повеќе од 3000.
Имаше доволно време да се изготват протоколи за лекување и истите да беа спроведени, почнувајќи од матичните лекари, па се до терциерните здравствени установи.
Имаше доволно време досега да се набави и соодветна терапија, да се превземе и позитивно искуство од земјите кои имаат успех во справувањето со пандемијата.
Имаше време и да се поразговара со матичните доктори и стоматолози и да им се излезе во пресрет на нивните барања кои се од заеднички интерес за зачувување на нашето здравје.
Имаше доволно време да се направи процена на здравствен ризик во сите институции, а според тоа и да се изготви процена на индивидуален ризик кај хронично болните, кој ќе помогнеше да не се влоши нивната здравствена состојба.
Имаше време ДА, имаше доволно време за се, но очигледно властите од СДС имаа други приоритети сосема спротивни од оние на граѓаните!
За жал гледаме само гол популизам и бизнисите кои им врват без застој!
На сметка на тоа само смрт и целосен хаос!