
Челниците на италијанскиот фудбалски великан ?Јувентус и 27-годишниот аргентински крилен напаѓач Пауло Дибала, иако веќе со месеци преговараат, сѐ уште не постигнале спогодба за нов договор, а спорна точка е висината на платата.
Јувентусо во новиот договор нуди годишна плата од 10 милиони евра, а менаџерот на Дибала бара таа да изнесува 15 милиони евра. Меѓутоа, торинската „Стара дама“ не е подготвена на Аргентинецот да му исплаќа толкава плата, пренесуваат италијанските медиуми.
Јуве го ангажираше Дибала во 2015 година, кога на Палермо му плати 40 милиони евра отштета, а во април 2017 година го продолжи договорот со играчот кој има важност до јуни 2022 година.
Доколку не биде постигнат договор до крајот на сезонава, летото следната година Јуве би можел да го продаде Дибала за кој веќе се заинтересирани европските гиганти како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.