
Денес 40 луѓе ги загубија животите поради ковид-19. Зоран Заев, врати се во Македонија и покажи малку човечност, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук.
„Врати се од екскурзиите платени со народни пари затоа што има луѓе кои умираат, прошетките се едно, но овде се работи за животи. Сепак не заборавај дека земаш плата од народот, а нему му треба помош. Под итно да се преземат мерки за короната која е рамна на национална катастрофа. Оставките веќе не се прашање на политички потег, туку нужност за државата и народот да преживеат“, напиша Мицкоски.