
Уште од пролетта предупредувам дека Зоран Заев има намера да го распродаде имотот на АД ЕЛЕМ, како автокампот Ливадишта и ски центарот Попова Шапка, тогаш негираа, но еве ја вистината. Ливадишта е туристички комплекс со голема можност за развој и истиот може да биде доходовен за државата. Токму затоа и се продава, наместо од него да имаат корист сите стружани и граѓаните на Македонија, ќе има некој бизнис патнер на Заеви, стои во фејсбук статусот на Ивица Томовски.
„Заев со ова распродава и има намера да даде доходовни бизниси на свои луѓе. Стружани 4 години не видоа ниту еден проект од Заев, ниту вложување во Струга, но затоа имаме распродавање и разграбување на државниот имот во Струга. Срамота!“, пишува тој.