Знаевме дека Бугарија, ќе биде поголема сопка од Грција, но од власта не сакаа да го чујат тоа

Наградата на премиерот Зоран Заев која ја прими во Берлин, ја сфаќам како пораз, заради тоа што се обидувавме да фатиме приклучок со европските држави, како држава направивме отстапки кои се навредливи, меѓутоа добивме шлаканица која што, да бидеме искрени и ја очекувавме, вели историчарката Катерина Тодоровска од Институтот за ннационална историја во нејзиното гостување во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Таа истакна дека дури и пред потпишувањето на Преспанскиот договор, знаевме дека Бугарија, ќе биде многу поголема сопка од Грција, меѓутоа некои од власта не сакаа да го чујат тоа.

– Наградата е навреда, затоа што доколку некој мене ми го навредува мојот народ, доколку толку саркастично и безобразно настапува во однос на тоа како го дефинира историјатот на се она што претставува една држава. Сето тоа сега нам ни се враќа со еден бумеранг, кој е многу непријатен. Бугарската страна не сакајќи да види дека 21 век не векот кој е поминат и дека иднината на Македонија е во Европска Унија која ние 30 години ја посакуваме. Меѓутоа нивниот одговор на нашето отстапување во однос на името, е толку дрско и безобразно што лично кога би била на местото на господинот Заев, мислам декка не би ја примила таа награда, потенцира Тодороска.

Според неа таквиот чин на одбивање на наградата трбеаше да се случи како одговор дека некој повторно се обидува нашиот народ да го гази.