Црни рекорди: Македонија со 646 починати од корона на милион жители, Германија со 154

Македонија со 646 починати лица од КОВИД-19 на милион жители е стотици места над Германија која има само 154 починати на милион жители.
За едно деноноќие починаа 40 граѓани во Македонија, бројка алармира дека нешто не е во ред со мерките кои ги спроведува актуелната Влада и министерот за здравство Венко Филипче.

Бројката на новозаболени и починати од КОВИД-19 рапидно од ден за ден расте во земјава.

МАКЕДОНИЈА ВОДИ

Македонија за жал е рекордер во Европа по починати лица од КОВИД-19. Ако се спореди државата со Германија ќе се согледа дека бројката кај нас на починати лица на милион жители за 3-4 пати поголема. Македонија на милион жители има починато 646 лица според податоците на „worldometers“, додека во Германија на милион жители има само 154 починати лица.

Бројката во Македонија загрижува, а секој ден не запира и продолжува да урива рекорди.

ГЕРМАНСКИ НАСПРОТИ МАКЕДОНСКИ МЕРКИ

Германија размислува да воведе нови рестрикции за јавни и приватни собири. Во план е заострување на правилата за носење маска. Според нацрт-предлогот, децата и младите ќе се советуваат да се гледаат само со еден пријател, а приватните собири и дружби ќе се ограничат на луѓе од едно домаќинство и најмногу две лица од друго домаќинство.

Германија ја разгледува и опцијата за затворање на училиштата, при што наставниците и децата од сите возрасти ќе мора да носат маска дури и на час. Германија од 2 ноември се наоѓа во лесен едномесечен карантин, но бидејќи бројот на заразени со корона вирус продолжи да расте, за очекување е владата да предложи заострување на мерките.

„Вирусот ќе продолжи да доминира во животите на луѓето уште долго време. Претстојната зима ќе се бара многу од сите нас“, кажа Меркел во саботата.